Изнудувачки тројанец
Во моментов се зголемува бројот на криптотројанци и други напади од тип „нулти ден“. При овие напади се програмираат вируси, односно малициозен софтвер, наменет токму за одредена целна група. Најчесто овие напади се толку добро прикриени што целната група е исклучително добро заведена и малициозниот софтвер, односно вирусот, се активира. Токму тука настапува sandboxing-от.
Нашето безбедносно решение најпрво ја анализира секоја непозната датотека, и тоа не само со антивирусен скенер, кој сè уште не може да ги препознае овие нови закани, туку и со помош на виртуелизација. Сомнителната датотека се стартува во виртуелен систем и се остава да работи. Ако се однесува сомнително (се вгнездува во системот, презема дополнителни датотеки од интернет или врши други злонамерни дејства), се блокира преземањето на датотеката или доставувањето на е-пораката.
Контактирајте нè за конкретна понуда.