Lifesize
Решенија за конференциски сали
Комуникација за модерното работно место
Совршената мешавина од паметни системи за конференциски сали и лесни за користење апликации за видеоконференции го одликува Lifesize. Нашето сеопфатно решение – хардвер, софтвер и услуга – е беспрекорно интегрирано. Така одличните видеоконференции за Вас стануваат можност да оставите врвен впечаток при секој разговор.
И во време на корона да останеме активни
Останете во контакт со Вашите вработени и клиенти
Тешките времиња бараат паметни решенија, а во време на епидемија модерните решенија за видеоконференции преку апликации, решенија во прелистувач и конференциски сали Ви помагаат да останете активни во работењето без физички контакт со Вашите клиенти и вработени, без да се изложувате на опасност. Работете од дома, преку хоумофис, започнувајте конференции, заменете ја канцеларијата со сопствените 4 ѕида.
Понудете им на Вашите клиенти и вработени безбедна работна средина.
Беспрекорна интеграција
Lifesize може да се интегрира со сите важни алатки за комуникација и соработка во претпријатијата, вклучувајќи Microsoft® Office® и Teams, Slack®, Google CalendarTM и други – со што е гарантирано беспрекорно искуство.
Глобална мрежа
Нашето глобално присуство, единствено во индустријата, Ви помага да ги поврзете Вашите меѓународни тимови: располагаме со првокласни центри за податоци на сите важни пазари и со светска мрежа од повеќе од 3.500 партнери.
Заштитена комуникација
Lifesize им нуди на претпријатијата безбедност при видео и аудио комуникацијата. Автоматски ги шифрираме и сигналот и медиумите преку нашата услуга и притоа нудиме одличен квалитет и перформанси.
Извонредна услуга за клиенти
Задоволството на нашите клиенти е ненадминато – нашиот NPS изнесува 84, а зад нашата услуга стоиме со SLA водечки во индустријата, кој гарантира достапност од 99,9 %.
Сеопфатно решение, лидер на пазарот
Лесната за користење апликација Lifesize е дизајнирана да ги подобри можностите за комуникација што ги користи Вашиот тим – од лични повици до корпоративни состаноци меѓу повеќе локации. Апликацијата нуди беспрекорно искуство на сите уреди, како и интегриран именик со пребарување, неограничени покани за гости и контроли за модератори. Така соработката станува детска игра и имате чувство дека сте директно на лице место.
Нашите понуди
Уреди
Android, iOS, Mac и PC
- Веб-прелистувач
- Smartboard табли
- Системи за сали
- Phone HD (масовни микрофони вкл. допир)
Карактеристики
Видеоконференции во 4K
- Глобални аудиоконференции, споделување на екран
- Веб-базирана администрација, поддршка 24/7
- Снимање, приватно / јавно стримирање, веб-пренос
- Глобални адресари (интерни или преку AD/LDAP)
Интероперабилност
WebRTC, Slack, Skype for Business
- Google/Exchange календар, Poly
- Cisco, Teams, Amazon Chime
- Office 365
- Microsoft Exchange и Outlook
Lifesize претплати
Со тоа што на секој корисник и на секоја конференциска сала во Вашето претпријатие му ставате на располагање Lifesize, секој може во секое време брзо и едноставно да воспостави врска со други вработени, што ја поттикнува соработката и ја зголемува продуктивноста. Со нашите флексибилни претплати можете да го персонализирате Вашиот акаунт и да додавате функции по желба.
-
Microsoft®-интеграции
-
Lifesize Record and Share
-
Разговори меѓу 300 локации
-
и многу други!
Lifesize Icon серија
Нашата професионална серија опрема за аудио и видеоконференции е дизајнирана Вашите состаноци да ги претвори во одлично искуство. Кога нашиот иновативен хардвер ќе го поврзете со нашата услуга базирана на облак, ќе доживеете како Lifesize за неколку секунди секој простор го претвора во конференциска сала.
-
Plug-and-Play конфигурација
-
Интуитивно управување
-
Автоматски ажурирања на софтверот
-
Единствено корисничко искуство
Решенија за конференциски сали за сите конференциски сали
од просторија за состаноци до аудиториум
Бидејќи сме единствениот давател во индустријата кој дизајнира и реализира и сопствена облак услуга и поврзаните видеосистеми, се наоѓаме во единствена положба да можеме целосно да го контролираме корисничкото искуство. Нашата многу пофалена (и со право наградена) Lifesize Icon серија со Lifesize® Phone™ HD е комплетно решение за видеосала. Lifesize Dash™, пак, создава сала со Chromebox, сертифицирана веб-камера и сертифицирани аудиоуреди.